Напаѓачот на Бруклин, Кевин Дурант ги сподели своите впечатоци од натпреварот против Кливленд. За прв пат Дурант, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден се појавија заедно. Нетс го загубија мечот по две продолженија со 147:135.

– Се чувствуваше како сè да е како што треба, сè беше совршено. Изгледа дека сме едно. Претпоставував дека натпреварот ќе биде забавен, иако заврши со пораз за нас. Тежок почеток со оглед на сите подеми и падови што беа на овој натпревар, изјави Дурант за „Essential Sports“.

Бруклин е рангиран на 5. место во Источната конференција со 9 победи на 16 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 11:56