Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација Владимир Ѓоровиќ денеска го објави списокот со 15 кошаркарки за двата завршни натпревари, идниот месец, во квалификациите за Европското првенство.

Избраничките на Ѓоровиќ ќе го завршат тековниот евроквалификациски циклус со две гостувања во Рига, против домаќинот Летонија, на 4 февруари, и против Хрватска, два дена подоцна.

– За овој февруарски ’прозорец‘ на ФИБА и квалификациските дуели во Летонија беа планирани уште неколку кошаркарки. Во прв ред, Јелена Антиќ, која е на посебни третмани за заздравување во Катар. Потоа Александра Стојановска, која за жал не е комплетно заздравена по операцијата на скочниот зглоб, и Кожобашиоска, која од пред неколку дека е во карантин во Италија. На поширокиот список не се Селцова и Митрева, кои сè уште се во рехабилитациска фаза после оперативните зафати во изминатиот период“, истакна Ѓоровиќ.

За двете завршни пресметки во евроквалификациите македонските кошаркарки ќе се подготвуваат во Охрид.

Список на повикани кошаркарки за натпреварите против Летонија и Хрватска: Нена Трајчевска, Матеа Николиќ, Анџелика Митрашиновиќ (Будуќност-Црна Гора), Ивана Кметовска (Баскет КАМ), Катерина Поп Димитровска (Баскет КАМ), Драгана Јоловиќ (Бадел 1862), Сања Адамовска (Бадел 1862), Цветанка Димова (Бадел 1862), Ивона Пејковска (Вардар), Јована Петрушевска (Вардар), Габриела Модева (Струга2009), Матеа Атанасовска (Палаванестро В-Италија), Елена Тасевска (Палаванестро В-Италија), Софија Лазареска (Милано БС-Италија), Девана Бонер (Елитцур Рамла-Израел).



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2021 17:40