Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун ноќеска постави рекорд во НБА лигата. Тој на дуелот со Кливленд (141:103) за 19 минути и 14 секунди постигна 33 поени.

Според официјалниот Твитер на најсилната лига на светот, 24-годишниот Американец го има најдобриот резултат за 20 минути од сезоната 1954/55, кога беше воведена дигиталниот временска бројач.

Браун беше најефикасен играч на натпреварот на кој придодаде уште три скока и една асистенција.

По оваа победа, Бостон се искачи на третото место во Источната конференција со досегашен биланс од девет победи и шест порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 10:53