Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва ги започна еднонеделните подготовки за завршниот февруарски циклус во квалификациите за Европското првенство.

На подготовките во салата „Билјанини извори“ во Охрид селекторот Владимир Ѓоровиќ повика 15 кошаркарки.

Македонските кошаркарки двата последните натпревара во евро квалификациите ќе ги одиграат во Рига, против домаќинот Летонија на 4 февруари и Хрватска, два дена подоцна.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 22:54