Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс е на врвот на листата кандидати за МВП оваа сезона кај повеќето обложувалници.

Според „ESPN.com“ Џејмс во моментов е главен фаворит со коефициент 4:1 откако на средбата со Кливленд постигна 46 поени и го предводеше својот тим до победата.

Џејмс ја започна НБА сезоната како шести најдобар кандидат за МВП. Неговите коефициенти беа оценети со 14:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2021 12:06