Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го направи првиот неспортски фаул од 2014 година. Тој ноќеска многу некоректно, со двете раце, го турна Џоел Ембид од Сиксерс кој тргна на „забивање“.
Противникот падна на грб. Ембид токму поради проблеми со грбот го пропу
шти претходниот натпревар против Детроит.
Четирикратниот МВП доби неспортски фаул, а Ембид го продолжи натпреварот и постигна 28 поени за 38 минути. Џејмс средбата ја заврши со 34 поени, но Филаделфија победи со 107:106.