Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Тодоров ќе се обиде да состави тим способен да ги издржи четирите натпревари во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА во руски Перм.

– Ќе работиме пет дена во Скопје, во салата на СЦ „Јане Сандански“. Планирано е во процесот да бидат вклучени 14-15 кошаркари. Најголем дел од нив ќе бидат со нас од првиот ден. Ќе настојуваме да тренираме во термините во кои ќе се играат квалификациските натпревари во Перм. Да креираме ростер во кој ќе има сила, енергија да ги издржи сите тие напори кои ги носи овој турнирски систем, едно мини Европско првенство, вели Тодоров во изјавата за сајтот на КФСМ.

Подготовките ќе стартуваат на 10 февруари во Скопје.

Во периодот од 18 до 22 февруари, македонските кошаркари ќе одиграат два натпревара со Италија и по еден со Русија и со Естонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2021 15:22