Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари стана вториот играч во клупската историја кој ја помина границата од 17.000 поени во својата кариера.

Кари ноќеска на натпреварот со Бостон постигна 38 поени и стигна до 17 011 поени. Двократниот МВП на НБА лигата има просечни 23,6 поени по натпревар.

Лидер на вечната листа по број на постигнати поени за Голден Стејт е Вилт Чембрлен со 17.783 поени. Легендарниот центар имаше просек од 41,5 поени по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 13:15