Македонскиот селектор Александар Тодоров денеска го одреди поширокиот список од 24. кошаркари на кои ќе смета на подготовките за завршниот турнир во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Пред македонската кошаркарска репрезентација се последните четири квалификациски натпревари, кои избраниците на Тодоров ќе ги одиграат во Перм, од 18 до 22 февруари.

Конечниот список кошаркари на кои Тодоров ќе смета за натпреварите против домаќинот Русија, Естонија и двомечот против Италија ќе биде познат по задолжителните тестирања на Ковид-19, закажани за идниот понеделник и вторник во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 22:51