Доминез Барнет веќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако актуелниот македонски првак соопшти денеска оти договорот со американскиот кошаркар е раскинат.

Во клупското соопштение се наведува дека придонесот на Бартез на тренинзите и официјалните натпревари бил под очекувањата на стручниот штаб.

– Играчот беше ангажиран со цел да донесе екстра-квалитет на тимот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов, со оглед на неговата биографија и одлични игри во силната ВТБ-лига, но тоа не се случи. Барнет во Скопје допатува максимално неподготвен, поради што не даде придонес каков што се очекуваше, ниту на тренинзите, а уште помалку на средбите на кои настапи, се истакнува во соопштението на македонскиот кошаркарски првак.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2021 13:08