Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, го собори сопствениот рекорд во постигнување тројки во НБА лигата. На натпреварот одигран ноќеска против Далас, 32-годишниот Американец имаше 11 прецизни удари за три поени.

За Кари ова беше 16-ти натпревар во кариерата со 10 или повеќе постигнати тројки.

Најблизок до овој резултат на Кари е неговиот соиграч Клеј Томпсон со пет натпревари во кариерата на кои има 10+ реализирани удари за три поени.

Во сезоната 2020/21, Кари има просек од 28,2 поени, 5,5 скока и 6,1 асистенција по натпревар.

Средбата со Далас, Кари ја заврши со 57 поени, но и тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот со 134:132.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2021 11:59