Плејмејкерот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук призна дека не ја следи ситуацијата со Ол-стар натпреварот.
Според Вестбрук, тој не се интересира за овој натпревар, бидејќи не чека повик за настап. Многу врвни играчи не сакаат да учествуваат на овој во настан.
– Воопшто не го следев сето ова. Очигледно, многумина не сакаат да учествуваат. Ако играв на „Ол-стар“ натпреварот, би можел да кажам повеќе за тоа, но нема, па не ми е гајле што ќе се случи, изјави Вестбрук.
НБА „Ол-стар“ оваа година треба да се игра во Атланта на 7 март.