Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рано утрово на натпреварот со Оклахома (119:112 по продолжение) дојде до третиот трипл-дабл оваа сезона. Тој средбата ја заврши со 28 поени, 14 скока и 12 асистенции.

За 36-годишниот Џејмс ова беше деветти трипл-дабл, откако наполни 35 години, по што го помина Џејсон Кид (8) и стана рекордер во историјата на НБА во таа статистичка категорија. По нив следуваат Пол Пирс и Пау Гасол со по три тројни ефекти.

На листата остварени трипл-дабл по 18. сезона во НБА Леброн Џејмс е прв со три, пред Коби Брајант со два и Тим Данкан и Карл Мелоун со по еден трипл-дабл.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 12:10