Лејкерси се третиот тим во последните 20 години кој се врати во игра по -20 за на крај да победи на два натпревари по ред.
Ноќеска Лејкерс заостануваа 20 поени на средбата со Мемфис (115:105). Гризлис го започнаа натпреварот со 22:2, но и таквото водство не им беше доволно на крај да избегнат пораз.
Два дена претходно, актуелниот шампион се врати назад по големата негатива против Оклахома.
– Малку е фрустрирачки. Никогаш не треба да губиме 20 поени со оглед на составот што го имаме. Но, поминавме многу и знаеме како да се носиме, изјави кошаркарот на ЛА лејкерс, Кајл Кузма.
По 27 одиграни натпревари ЛА лејкерс се втори во поредокот на Западната конференција со биланс 21 победа и шест порази.