Немам никакви дилеми околу нашиот пласман на Европското првенство (ЕП), порача денеска крилниот центар Бојан Крстевски пред утрешното заминување на македонската кошаркарска репрезентација за Русија на завршните четири квалификациски средби.

Крстевски во изјава за официјалниот сајт на Македонската кошаркарската федерација (КФСМ) истакна дека клучот за успех ќе биде максимална ангажираност на сите четири натпревари во Перм.

-Мислам дека треба да одиграме максимално ангажирано на сите натпревари. Покажавме на првиот натпревар со Русија дека можеме да се носиме со нив, а зошто да не е така и со Италија. Секако, би сакал да имаме некоја победа пред натпреварот со Естонија, истакна Крстевски.

Македонската репрезентација утре наутро со чартер – лет заминува за Перм каде од 18 до 22 февруари ги очекува двомечот со Италија и пресметките против домаќинот Русија и Естонија за пласман на Евронаскетот во 2022 година.

-Добро е што имаме повеќе играчи на високите позиции, бидејќи играме четири натпревари за само пет дена. Ќе ни значи многу. Ќе имаме и поголема ротација и малку повеќе одмор. Радува тоа што сите играчи кој ги повика селекторот се ставија на диспозиција и се на располагање за овој квалификациски циклус. Се надевам дека ќе останеме во добро здравје до ’балонот‘ во Перм. Секако дека е олеснителна околност што летаме директно до Перм. Заштедуваме многу на време, на промена на летови, а освен тоа, и ќе пристигнеме поодморени и посвежи во Перм, додаде Крстевски



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2021 11:09