По одморот од долгото патување, македонската кошаркарска репрезентација утрово го одработи првиот тренинг во Перм.

Во салата каде ќе се игра квалификацискиот турнир, арената „Mолот“, селекторот Александар Тодоров ги имаше на располагање сите 15 играчи на кои смета за четирите натпревари (два со Италија, по еден со Естонија и Русија).

За прв пат од почетокот на подготовките, заедно со другиот дел од тимот тренираа и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

– „Засилување“ има и во стручниот штаб. На тренинг е и Никола Василев, кој поради професионалните обврски со својот клуб во Литванија се приклучува од денеска во работата со националниот тим, соопшти КФСМ.

„Црвено-жолтите“ вечер ќе одработат уште еден тренинг во пресрет на првиот меч со Италија закажан за 18 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2021 11:34