Кошаркарите на Бруклин, изутринава на гостувањето кај Сакраменто (136:125) поставија нов клупски рекорд по бројот на погодени удари за три поени на еден натпревар.
Нетс реализираа 27 од 47 удари од далечина (57,4 проценти). Претходниот рекорд беше 24.
Третина од тројките на Бруклин, вкупно девет ги даде капитенот Кајри Ирвинг. Џејмс Харден постигна шест, Џеф Грин и Ландри Шамет постигнаа по три, Џо Харис, Тимоти Луваву-Кабаро и Тајлер Џонсон реализираа по две тројки.
Бруклин со биланс 17 победи и 12 порази се наоѓа на третото место во поредокот на Источната конференција од НБА-лигата.