Раководството на Бостон селтикс покажува голем интерес за центарот на Кливленд кавалирс, Андре Драмонд, објави НБА инсајдерот Сем Амико.
Кавалирс повеќе не планираат да ја обноват соработката со Драмонд, бидејќи се решени да се разделат со центарот пред крајниот рок на 25 март. Беше објавено дека Кливленд и Торонто активно преговараат за размена на Драмонд.
Дваесет и седумгодишниот Дремонд има просек од 17,5 поени оваа сезона и 13,5 скока на 25 натпревари.