Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Тодоров не беше незадоволен од денешниот пораз од Италија (82:94), но истакна дека најважно е што овој тим покажал сосема поинакво лице во однос на ланските два евроквалификациски натпревари.
– Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на рангирањето на ФИБА во моментов. Успеавме не само да бидеме рамноправни, туку и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Покажавме тотално поинакво лице во однос на натпреварите лани, изјави Тодоров на прес-конференцијата по мечот со Италија во Перм.
– Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд. Ни претстојат уште три натпревари кои ќе бидат многу тешки, но на крајот најверојатно се ќе се сведе на мечот со Естонија в понеделник, додаде Тодоров.
Македонските кошаркари утре ги продолжуваат квалификациите за пласман на Европското првенство против домаќинот на завршниот турнир Русија.