Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, кој најави дека поради повреда нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ за денешниот меч со Естонија, сепак го пријави за настап младиот кошаркар.

Тодоров смета дека тимот кој победува не треба да се менува, па против Естонците ќе излезе со истите 12 кошаркари кои вчера ја совлада Италија (87:78).

Тоа се: Дамјан Робев, Лука Савичевиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Натпреварот на којшто „црвено-жолтите“ ќе бркаат двоцифрена победа на пласман на Европското првенство 2022, ќе се игра во руски Перм со почеток во 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2021 11:32