НБА екипата на Минесота го назначи денеска Крис Фич за свој нов тренер.

Фич досега беше помошник тренер на Торонто, а на клупата на Минесота доаѓа на местото на Рајан Сондерс, кој доби отказ, откако ја предводеше екипата до најлош ефект во НБА лигата со седум победи и 24 порази.

Фич зад себе има 24-годишно тренерско искуство, минувајќи голем дел од кариерата во Европа. На Олимписките игри во Лондон во 2012 година беше и селектор на Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2021 01:05