Кошаркарите на ТФТ Скопје вечерва претрпеа пораз на домашен терен од Берое со 87:83 во премиерниот натпревар од вториот дел на групната фаза во БИБЛ лигата.
Македонскиот дебитант во регионалната БИБЛ лига имаше водство по воведните десет минути од натпреварот во СРЦ „Кале‘ со 28:23, но уследи пад во играта во втората четвртина, што бугарскиот тим ја доби со 33:15 и замина на полувреме со предност од 56:43.
Во третата четвртина, кошаркарите на ТФТ анулираа 12 поени од предноста на Берое, внесувајќи го натпреварот во неизвесна завршница, во која, сепак, бугарскиот тим на крајот ја задржа предноста за прв триумф во групата Ф од регионалната кошаркарска лига.
Кошаркарите на ТФТ во следниот натпревар ќе играат против израелски Хапоел Гилбоа Галил, што ќе се одржи на 10 март во Скопје.