Новата сезона во македонската младинска клупска кошарка започнува претстојниот викенд со натпреварите од воведното коло во првата и двете втори лиги.
Прволигашката конкуренција ќе ја сочинуваат осум екипи – Партизан Водно Санс 1, Феникс 2010, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Куманово, ФМП Академија и Чаир 2030.
Вкупно 16 екипи ќе настапат во второлигашката конкуренција поделени во две групи.
Во групата „Исток“ се екипите на Еуроникел, ТФТ, Кожув, Вибас Баскет, Борец Баскет, Струмица, Работнички 2 и Дино Баскет, додека „западната“ група ја сочинуваат тимовите на МЗТ Уни Банка, Партизан Водно 2, Гостивар, Пелистер Медика карта, Црн Дрим, Албес, Шкупи и Тетова Булс.