Кошаркарите на Бруклин ноќеска го совладаа Орландо меџик со 129:92. Нетс се во серија од осум победи. Ова е најдобриот резултат на клубот од 2006 година.
Бруклин, исто така го одигра својот 20. натпревар во тековната сезона со постигнати 120 или повеќе пени. Ова е повторување на клупскиот рекорд поставен во сезоната 2018/19.
За разлика од Бруклин, во „црна“ серија се влезени кошаркарите на Сакраменто кингс. Тие ноќеска загубија од Њујорк со 140:121 и го запишаа деветтиот последователен пораз.
На другите четири натпревари од НБА лигата играни ноќта четврток кон петок постигнати се следниве резултати: Филаделфија – Далас 111:97 Мемфис – Лос Анџелес клиперс 122:94 Денвер – Вашингтон 110:112 Милвоки – Њу Орлеанс 129:125.