Фудбалерите на Шкупи ја намалија предноста на Шкендија на врвот на табелата на шест бодови, откако попладнево триумфираа на гостувањето во Кратово, а лидерот одигра без голови против Работнички во рамки на 21 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Академија Пандев со гол во финишот ја совлада третопласираната Македонија ЃП, додека Ренова со играч повеќе триумфираше убедливо над актуелниот првак Вардар,

Резултати – 21. коло:

Работнички – Шкендија 0:0

Силекс – Шкупи 0:1 (Алварез 79)

А. Пандев – Македонија ЃП 2:1 (Радески 11 минута, Крстовски 86 – Божиновски 56)

Борец – Беласица 2:1 (Баша 4, Адили 45 – Митевски 17)

Струга Трим – Пелистер 0:1 (Пејаковиќ 90+1)

Ренова – Вардар 3:0 (Шефити 21, Селмани 27 пенал, Селмани 55)

ТАБЕЛА: Шкендија 46 бода, Шкупи 40, Македонија ЃП 35, Струга ТЛ 32, Работнички 29, Борец 29, Вардар 26, Пелистер 25,Силекс 23, Ренова 22, А. Пандев 21, Беласица 12.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 22:20