Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево во Сараево го совладаа тимот на Ловќен со 96:55. Ова беше деветти настап за „штрковите“ во втората по квалитет Регионална кошаркарска лига. МЗТ Скопје со биланс шест победи и три порази се искачи на второто место на табелата.

Најефикасни во тимот на „аеродромци“ беа Дамјан Стојановски со 15 поени, Бојан Крстевски и Хасани Гравет со по 13, Иван Карачиќ со 12 и Андреа Бојиќ со 11 поени.

Вториот македонски претставник во АБА 2, тимот на Работнички, попладнево во „балонот“ во Сараево, од 16 часот се среќава со Сутјеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 15:20