Кошаркарите на Работнички останаа во трка за пласман во плеј-офот во регионалната АБА 2 лига, откако попладнево стигнаа до првата победа на турнирот во Сараево, триумфирајќи над Сутјеска со 84:62.
Филип Бундовиќ со 18 поени и Мирко Мулалиќ со 17 поени беа најпрецизни во тимот на Работнички.
По девет кола и скор од 3-6, со три службено загубени мечеви, Работнички е на делба на 10. позиција на табелата со екипата на Ловќен, која претходно денеска доживеа висок пораз од МЗТ Скопје Аеродром со 96:55.
Во следното 10. коло, Работнички в недела од 12. часот во „балонот“ во Сараево се среќава со екипата на Широки.