Центарот Филаделфија, Џоел Ембиид ќе ги донира 100.000 американски долари што ќе ги добие за учество на „Ол-стар“ натпреварот во НБА. Парите ќе бидат поделени на три засолништа за бездомници во Филаделфија, се вели во извештајот на „ Bleacher Report“.
Ембид ќе игра на Ол-стар натпреварот по четврти пат. Оваа година, 26-годишниот центар ќе биде во почетната петорка во тимот на Кевин Дурант.
Оваа сезона, Камерунецот има просек од 30,2 поени, 11,6 скока и 3,3 асистенции по натпревар.
„Ол-стар“ натпреварот ќе се одржи во Атланта ноќта меѓу недела и понеделник.