Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо го коментираше неговиот рекорд по најмногу удари од поле без промашување, поставен ноќеска на НБА „Ол-стар“ натпреварот.

Адетокумбо претвори во поени 16 од 16 удари од поле. Претходното достигнување (8 од 8) е на Хал Грир во 1968 година.

– Не размислував за рекордот за време на самата игра. Јас само играв. Со момци како Лилард, Стеф Кари и Крис Пол покрај вас, тоа е лесно. Никој не ти обрнува многу внимание. Играте без одбрана, еден на еден. Само се обидував да се забавувам и да погодувам што е можно почесто, изјави грчкиот репрезентативец.

Токму Адетокунбо беше прогласен за најкорисен играч на мечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2021 11:26