Еден од 18.997 гледачи што присуствуваше на последниот НБА натпревар на Коби Брајант на 13 април 2016 година, го продаде својот билет со автограм од кошаркарот, за нешто повеќе од 40.000 американски долари.

Според „TMZ“ билетот од историската игра на Коби бил продаден на аукција „Goldin Auctions“ за 40.590 американски долари. Името на купувачот е непознато.

На неговиот последен натпревар во НБА, 37-годишниот Брајант постигна 60 поени, вклучувајќи 15 од последните 17 поени со кои Лејкерс ја совладаа Јута (101:96).



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2021 09:37