Мирно и без проблеми заврши протестот на студентите во Атина, организиран на една година откако поради пандемијата се затворија универзитетите во цела Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Студентите маршираа низ улиците во Атина и пред грчкиот Парламент, преку слогани и пораки побараа безбедно да се отворат универзитетите, но и уште еднаш го изразија нивното незадоволство од новиот закон, што е веќе изгласан, а се однесува на високото образование и формирање универзитетска полиција.

Според грчката полицијата, на денешниот протест присуствуваа околу 2.000 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2021 21:55