СВР Скопје поднесе кривична пријава против приватна фирма од Скопје и Н.Р.(49) од Скопје-сопственик и управител на фирмата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
На 07.05.2020 во атар на с.Орман, пријавените со две товарни возила „мерцедес“, сопственост на правното лице, фрлиле поголема количина на градежен шут и друг вид на отпад, со што довеле до создавање на депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина.