Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер изјави дека е разочаран од поразот од Лос Анџелес клиперс (104:130).
– На почетокот на сезоната имав разбирање дека оваа екипа има уште многу работа. Тогаш имаше разочарување од неуспесите и поразите, но знаевме дека ќе станеме подобри. Денес разочарувањето беше многу поголемо, затоа што веќе успеавме да докажеме дека можеме да бидеме конкурентни и да добиваме натпревари. Во исто време, на натпреварот со Клиперс, видовме крајно разочарувачка глетка, без никакво залагање, изјави Кер.
По 38 одиграни натпревари, Голден Стејт има по 19 победи и порази, за во моментов 10 место на табелата во Западната конференција од НБА-лигата.