Еден од најтрофејните европски кошаркарски тренери Еторе Месина ќе биде нов селектор на Италија по завршување на претстојниот олимписки квалификациски турнир во Белград.

Актуелниот селектор Ромео Сакети, како што пренесуваат денеска италијанските медиуми, ќе остане на должноста до одигрувањето на олимпискиот турнир, по што ќе биде сменет дури и во случај обезбеди учество со репрезентацијата на Олимписките игри во Токио ова лето.

Според медиумите, причини за заминувањето на Сакети се несогласувањата со раководството на Италијанската кошаркарска федерација околу изборот на помошник тренер, како и настапите на Италија во квалификациите за Европското првенство.

Италија под водство на Сакети загуби два од последните три натпревари во евроквалификациите минатиот месец, вклучувајќи го и поразот од македонската кошаркарска репрезентација од 87:78 во Перм.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2021 21:06