Кошаркарите на Хјустон рокетс ноќеска загубија од Голден Стејт со 108:94. Поразот беше 18-ти по ред за „ракетите“ во регуларниот дел од НБА-лигата оваа сезона.

Ова е антирекорд по бројот на загубени натпревари во низа. Претходно, негативниот рекорд изнесуваше 17 порази по ред и беше поставен во 1968 година.

Хјустон е на претпоследното, 14. место на табелата во Западната конференција. Екипата сезонава има 11 победи и 28 порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2021 11:12