Раководството на НБА-лигата и здружението на играчи (НБПА) се согласија за нов протокол за коронавирусот, пренесува „The Athletic“.

Главната поента е дека на вакцинираните против коронавирусот ќе им бидат дозволени неколку поволности. Нема да мораат во карантин, да не прават тестови за време на викендите, да не носат маски во објект за тренинзи, да комуницирате дома со неограничен број луѓе, како и да одат во ресторан.

Новите протоколи ќе стапат на сила кога 85 проценти од вработените во ниво 1 и 2 ќе бидат вакцинирани. По последната вакцина, ќе бидат потребни уште 14 дена за да се добијат сите придобивки.

За потсетување, порано комесарот на лигата Адам Силвер изјави дека следната сезона може да бидат укинати ограничувањата за исполнетост на салите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2021 15:09