Четиринаесет играчи на Атланта ја добија својата прва доза на вакцина против КОВИД-19, денес по нивниот натпревар против Оклахома.

Вкупно, вакцинирани се 36 претставници на клубот, од кои 14 кошаркари.

Тројца играчи на Хоукс не биле вакцинирани затоа што не ги исполнувале државните стандарди на државата Џорџија.

Според стандардите во Џорџија, вакциниран може да биде секој човек со индекс на маса над 25.

Атланта и Њу Орлеанс се единствените тимови во НБА-лигата досега кои потврдија дека играчите и вработените ги добиле своите први дози на вакцини.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2021 12:07