Кошаркарот на Портланд Кармело Ентони стана 11-от играч во историјата на НБА лигата кој стигна до бројката од 27.000 поени во кариерата.

Портланд синоќа го совлада на домашен терен Далас со 125 :119, а Ентони придонесе во победата со 18 поени.

Триесетишестгодишниот Ентони, кој претходно играше за Денвер, Њујорк, Оклахома и Хјустон, е единствениот кошаркар во историјата на НБА кој стигнал до бројката од 27.000 поени без шампионска или титулата за најкорисен играч во својата кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2021 12:34