Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ќе отсуствува од кошаркарските терени неодредено време поради истегнување на десниот глужд.

Џејмс го напушти теренот на 10 минути пред крајот на втората четвртина од мечот против Атланта (94:99) по судирот со противничкиот кошаркар Соломон Хил. Влегувајќи во соблекувалната, Леброн фрли стол како израз на бес.

По завршувањето на натпреварот Џејмс отиде на детални медицински прегледи.

Во досегашниот дел од НБА-сезоната, Леброн одигра 41 натпревар со просек од 25,6 поени.

Ова е втор голем хендикеп за Лејкерс, кои во тимот поради повреда го немаат ниту Ентони Дејвис.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2021 13:21