Младите кошаркарки од КК Крива Паланка од лигата за девојчиња до 16 години денес остварија победа против екипата на ЖКК Арена тим, Штип. Со денешниот натпревар КК Крива Паланка официјално ја стартуваа сезоната 2020/21 од младинските лиги во оваа конкуренција при Кошаркарската федерација на Република Македонија.

– Во составот на денешниот меч настапија девојчиња родени 2005 и 2006 година, кошаркарки кои долг период се во тренажен процес, дел од нив настапуваат и во повисоките лиги,а дел и во сениорскиот тим. Задоволни сме од нашата игра, им дадовме можност во поголемиот дел од натпреварот на помладите, но би сакал да им честитам за добрата игра и на перспективните кошаркарки од штипскиот состав, кои се релативно млад клуб,но ветуваат многу според она што го прикажаа на теренот, изјави тренерот на КК Крива Паланка, Ведран Белешковски.

Натпреварот заврши со резултат 83 наспрема 47 во корист на домаќинот.

Целта, рече, е, повисока од резултатите, а тоа е да се промовира кошарката во државата и истовремено да се подигне на што повисоко ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2021 16:33