Кошаркарскиот клуб Кливленд е подготвен да му понуди на центарот Џарет Ален нов договор вреден 100 милиони долари, објави инсајдерот на „Cleveland.com“ Крис Федор.

– Сумата може да достигне 100 милиони долари или дури и повеќе. Неговата плата ќе биде околу 20 милиони долари годишно. Дваесет и двегодишниот центар ќе биде еден од најдобрите слободни агенти, напиша новинарот.

Ален во тековната сезона има просек од 13 поени и 10 скока по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2021 22:24