Кошаркарите на Денвер, предводени од Никола Јокиќ, се вратија од негатива од 14 поени во финишот на мечот против Њу Орлеанс и триумфираа со 113:108.

Српскиот кошаркар за 41 минута на паркетот постигна 37 поени, од кои седум во завршните три минути.

За Јокиќ ова беше 16 натпревар сезонава во НБА лигата со ефект од над 30 поени.

Шампионот Лос Анџелес лејкерс ја прекина серијата од четири порази во низа и триумфираше на домашен терен над Кливленд со 100:86.

Денвер без Словенецот Лука Дончиќ во своите редови загуби на домашен терен од Индијана со 109:94, Портланд, исто така, забележа гостинска победа над Орландо (112:105), Атланта победи во Сан Франциско над Голден Стејт со 124:108, додека Шарлот го совлада Мајами (110:105)



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2021 12:31