Предводникот на Сан Антонио, Грег Попович е третиот тренер во историјата на НБА-лигата, кој освоил 1.300 победи во регуларниот дел од сезоната во текот на својата кариера.

Попович до ова достигнување дојде ноќеска по победата на Спарс над Чикаго со 120:104.

Лидер по бројот на победи во регуларниот дел од шампионатот е поранешниот ментор на 72-годишниот Попович, Дон Нелсон (1.335). Лени Вилкенс (1.332) е на второто место во оваа статистичка категорија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2021 13:17