Почина Трајан Петровски, првиот нерезидентен амбасадор на Репубилика Македонија деташиран во Анкара во јуни 1992 година.

Како што соопшти Дипломатскиот клуб – Скопје, Петровски како исткнат дипломат над три децении со непокор работеше на етаблирање на органите за надворешни работи на нашата држава и беше еден од незаменливите дипломати-промотори на македонската култура во светот.

Професионалниот дипломатски ангажман на Петровски, се посочува, во многу ја збогати и мултудимензионално ја постави неговата литературна вокација, а неговите романи, поезија, есеи и патеписи ги проширија културните реалности и вредности на Македонија низ светот.

Како истакнат член на Дипломатскиот клуб – Скопје, се додава, колегата Петровски даде полн придонес и за аналитичко, систематско и професионално проучување и историографско документирање на активностите на македонската дипломатија во нејзиниот 50 – годишен развој.

-Простувајќи се од Трајан Петровски, веруваме дека многу генерации дипломати на Република Македонија ќе го следат неговиот пример за истрајно и одговорно реализирање на интересите на земјата во односите со странските субјекти, стои во соопштението од Дипломатскиот клуб – Скопје по повод загубата на нивниот колега и член.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2021 13:35