Кошаркарот на Бруклин нетс, Кевин Дурант зборуваше за неговата моментална состојба.
Тој на 13 февруари се здоби со повреда на тетивата.
– Се чувствувам одлично. Закрепнувањето се одвива многу добро, со нетрпение очекувам да се вратам на теренот. Сакам повторно да бидам таму со моите соиграчи.
Првично, се чинеше дека сè не е толку лошо, типична деформација. Потоа добивме втора медицинска снимка од која лекарите забележаа дека штетата е посериозна и подлабока. Не чувствував силна болка, но сепак бев настрана за да не ја влошам ситуацијата, истакна Дурант..
Со него во составот Бруклин ќе биде значително засилен во обидот да остане на првото место во Источната конференција од НБА-лигата.