Кошаркарите на Јута на импресивен начин ја продолжија синоќа победничката серија во НБА лигата, откако го декласираа Орландо со 137-91 и поставија нов НБА рекорд во постигнати тројки.

Во својата деветта последователна победа и дури 22 во низа на домашен терен, екипата на Јута имаше раскошна шутерска вечер и забележа рекорден триумф од дури 46 поени разлика.

Со дури 18 погодени тројки во првото полувреме го урнаа НБА рекордот, што од пред три години го држеше тимот на Голден Стејт (17).

Јута, на крајот, го заврши натпреварот со 26 тројки од 55 обиди, а запиша и 34 асистенции, 10 украдени топки, 50 скокови и 55.4 отсто прецизен шут.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2021 21:27