Запленети се и одземени над 800.000 лева, по докази за купување гласови во корист на одреден кандидат, партија или коалиција, јавија медиумите во Бугарија повикувајќи се на државното Обвинителство.

Вкупната сума е рекордна и била наменета за купување гласови. Од почетокот на кампањата има спроведено 41 предистражна постапка за изборни нерегуларности низ целата држава и подигнати се обвиненија против 13 луѓе.

Податоците се за периодот од почетокот на изборната кампања до денеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 21:25