Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, одговори на критиките во услови на лоша сезона.

Клубот од Калифорнија е рангиран на 10. место на Запад со биланс 24 победи и 27 порази. На последните десет натпревари „воините“ претрпеа седум порази.

– Кога ни одеше добро, ме нарекуваа генијалец на нападот. Сега имаме проблеми и јас веднаш станав несовремен, заостанат. Вистината е некаде помеѓу, рече Кер.

Вориорс без Стеф Кари имаат најлош офанзивен учинок од кој било тим во последните пет години.

Под водство на Кер, Голден Стејт освои три титули и играше во НБА финалето пет пати по ред.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 13:30