Кошаркарот на Виртус, Милош Теодосиќ е прогласен за најкорисен играч во Еврокупот за оваа седмица.
На првиот натпревар од полуфиналната плејоф серија со УНИКС Казан одигран на 6 април, Теодосиќ заработи 34 поени за ефикасност, што беше најдобар резултат кај сите играчи од победничките екипи.
Србинот постигна 27 поени, шест скока и пет асистенции.
На вториот натпревар одигран вчера победи руската екипа, па финалистот ќе биде одлучен по мајсторката закажана за 14 април.