Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 53 поени ноќеска на натпреварот со Денвер (116:107) и стана најефикасниот играч во тимот.

Триесет и тригодишниот Американец се искачи на врвот на листата на стрелци во историјата на Голден Стејт. Тој има 17 784 поени.

Претходно, ова достигнување му припаѓаше на Вилт Чембрлен со 17 783.

Исто така Кари постигна 30+ поени на седмиот натпревар по ред оваа сезона во НБА-лигата. Ова е рекорд во неговата кариера.

По 54 натпревари во тековната сезона, Голден Стејт има 26 победи и 28 порази и е 10-ти во Западната конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2021 11:26